Поврзете се со нас

Балкан

Крстовски го најави пресвртот на Слога во пресметката со вицешампионот на БиХ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски постигна гол за Слога Добој во последниот меч за оваа сезона во првата лига на Босна и Херцеговина.

Слога на домашен терен го пречека актуелниот вицешампион Борац Бања Лука и го совлада со 2-1 и тоа во средба во која пресвртот го најави токму Крстовски во судинското продолжение на првиот дел.

Гостите водеа до 46 минута (45+1) кога Крстовски со удар со глава погоди за 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел погоди Лалиќ за конечни 2-1 и радост на домашните навивачи.

Марио ја заврши сезоната со 9 гола и 5 асистенции во шампионатот на БиХ, неговата Слога пак ја оствари целта и обезбеди опстанок во најсилната конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни