Поврзете се со нас

Италија

Кристанте ги демантира медиумите: Фудбалерите на Рома не влијаеја на отказот за Мурињо

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пристигнувањето на Даниеле Де Роси донесе позитивен шок во редовите на Рома, а медиумите шпекулираа дека дел од искусните фудбалери му го завртеле грбот на Жозе Мурињо и „гласале“ за негов отказ од раководството.

Во најновото интервју, италијанскиот репрезентативец Брајан Кристанте зборувал на оваа тема, демантирајќи дека фудбалерите влијаеле на одлуката за разделба со Португалецот.

– Прочитавме многу работи, но ништо од тоа не е точно.

– Фудбалот функционира на таков начин. Кога работите не одат, прв си оди тренерот, иако тој не е единствен виновник.

– Не сме влијаеле на одлуката, дознавме за отказот за Мурињо откако тоа му било соопштено нему.

– Факт е дека не се работеше само за поразот во финалето на Лига Европа претходната сезона, многу мали работи не функционираа, – вели Кристанте.

Рома им се враќа на обврските во Серија А во понеделник, кога за противник го има Лече.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни