Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Кралски танц“ во финишот на „Бернабе“: Епскиот двомеч со среќен крај за Реал Мадрид

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид ќе игра во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва славеше огромна победа против Манчестер Сити.

Во еден незаборавен натпревар, „кралевите“ славеа победа со 3:1 во еден неверојатен финиш.

Манчестер Сити имаше предност од 1:0 од 73. минута и истата ја одржуваше се до финишот на натпреварот.

Тогаш на сцена стапи Родриго кој со два гола во 90. и 91. минута донесе продолженија за својот тим, иако дотогаш сите мислеа дека Реал е готов.

На самиот старт на продолженијата, во 95. минута Карим Бензема беше соборен во шеснаесетникот на Сити, а Орсато покажа на белата точка. Французинот беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за дефинитивен пласман на Реал Мадрид во финалето.

Финалната средба во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на 28 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни