Поврзете се со нас

Италија

Конте за можноста Меси да дојде во Интер: Не постои…

Објавено

на

Тренерот на Интер, Антонио Конте даде коментар за најновите информации низ медиумите кои го поврзаа Лионел Меси со трасфер во клубот од Милано.

Наводно таткото на Аргентинецот купувал куќа во Италија, во градот на модата, па оттука се јавија многу вести кои пренесоа дека Меси може да дојде до Интер со оглед на тоа што сегашниот клуб во кој настапува Барселона се соочува со одредени проблеми.

Сепак како Бепе Марота така и тренерот Конте порача дека ваков трансфер е нереален во моментов.

-Зборуваме за фантази фудбал, ситуации кои во моментот не можат да бидат поврзани со Интер. Од многу причини. Мислам дека не постои лудак во светот кој не би сакал Меси. Но, таквата ситуација навистина е многу, многу, далеку од Интер, од она што го правиме и она што се обидуваме да го изградиме.

-Треба да создадеме цврста подлога, а потоа можеби … повторувам, ова е фантази фудбал. Сепак ми се допаѓа фактот што кога ситуацијата е ваква, тимот што е поврзувасо него секогаш е Интер, -истакна Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни