Дејвис куп
Компанијата на Пике се откажа од организирање на Дејвис Купот

После пет години успешна соработка и одлично организирање на Дејвис Купот, компанијата Космос и ИТФ се разделија и не го обновија договорот за организирање на познатиот репрезентативен турнир.
Компанијата која е во сопственост на Жерард Пике не успеала да пронајде заеднички јазик со водечките луѓе на Светската тениска Федерација, бидејќи пензионираниот фудбалер проценил дека финансиските барања за организирање на Дејвис Купот се превисоки за актуелните стандарди.
ИТФ побарала 40 милиони евра по сезона за потпишување на нов договор и отстапување на Дејвис Купот, нешто со што не се согласиле Пике и неговите соработници.
Ова значи дека Космос веќе нема да го организира Дејвис Купот, па така е заокружена една успешна епизода во која ова натпреварување доби значително поголема популарност и медиумска покриеност.
Од друга страна, Космос како компанија и натаму останува активна во тенискиот свет, бидејќи ја презема менаџерската улога на Андреј Рубљов, Борна Чориќ, Елина Свитолина и Дарија Касаткина.
-
Светпред 22 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)