Англија
Компани: Сите бевме исплашени за Чурлинов, сега чувствуваме олеснување

Дарко Чурлинов го надмина најтешкиот период во животот и успеа да се врати на терените, па во изминатите седум дена ги одигра и првите два официјални натпревари од крајот на минатата сезона.
Македонскиот репрезентативец се врати во националниот тим и уживаше во минутажата која ја доби од селекторот Благоја Милвески против Украина и Ерменија, што за него е почеток на нешто убаво после кошмарот кој го преживеа.
Чурлинов доби сепса по крајот на сезоната и поради труење на крвта мораше да заврши на операција, па сега за неговата голгота се огласи и Венсан Компани кој го поздрави враќањето на Македонецот во првиот тим.
– Приказната на Дарко беше малку страшна, сите бевме исплашени за него. Беше навистина болен, изгледаше многу слабо и загуби многу тежина и многу мускулна маса.
– Сепак, благодарение на неговиот пристап и помошта од треманите, имаше доволно среќа да се врати доста брзо во тимот. Сите чувствуваме олеснување што тој повторно е со сите нас на тренинзите, – изјави менаџерот на Барнли пред првенствениот меч со Брентфорд во Премиер лигата.
-
Англијапред 23 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 16 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 22 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 21 час
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
НБАпред 23 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи