Поврзете се со нас

Англија

Клуб од Премиер лигата сака да го ангажира Ериксен

Објавено

на

Како што одминува времето така се поголем е бројот на заинтересирани екипи кои во своите редови сакаат да го видат Кристијан Ериксен.

Данецот во моментов е слободен агент и може да избира каде ќе ја продолжи кариерата. И покрај срцевите проблеми, тој доби зелено светло од докторите кои му дозволија да игра фудбал, па офанзивецот се уште ќе може да игра официјални натпревари.

„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Брентфорд пројавиле сериозен интерес за ангажман на Ериксен.

Брентфорд е познат како „Данска во мало“ затоа што во клубот настапуваат дури шест дански фудбалери, а тренер им е Томас Франк кој исто така е Данец.

Во моментов Ериксен ја одржува својата форма во Швајцарија, а се верува дека Брентфорд не  е единствениот заинтересиран премиерлигаш за услугите на одличниот фудбалер од средниот ред со офанзивни карактеристики.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни