Поврзете се со нас

Англија

Клоп за ѕвездата која со многу работа го исполни потенцијалот: Многу го сакав, но тој го избра Реал

Објавено

на

Јирген Клоп имаше шанса да соработува со многу талентирани фудбалери во Борусија Дортмунд и Ливерпул, но сепак не доби шанса да го води големиот талент кој сега е негов голем ривал во Премиер лигата.

Мартин Одегард стана тинејџерска сензација уште во 2015-та година и како голобрадо момче стана интересно за сите европски великани, но на крајот трката ја доби Реал Мадрид, каде сепак не се прослави.

Норвежанецот направи трансфер во Арсенал минатата сезона и тоа се покажа како полн погодок, а Клоп вели дека се радува за добриот расплет и покрај тоа што сега му е противник.

– Имавме долг разговор со Мартин и неговиот татко кога уште беше дете. На крајот се одлучи за Реал Мадрид и немавме ништо против. Вистината е дека отсекогаш сум го следел.

– Многу ми се допаѓа, но тоа е лесно да се каже сега. Претходно беше поинаку, особено кога имаше тешки моменти во Реал. Се доби впечаток дека не оди по вистински пат и тоа многу ме разочара, бидејќи сите во Дортмунд многу го сакавме. Среќен сум што сега стана играчот кој сите се надевавме дека ќе го видиме. Тој има многу значајна улога во растот на силниот тим на Арсенал, – вели Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни