Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп: Се најдов во непријатна ситуација, но сега знам што ќе направам со Симеоне

Објавено

на

Диего Симеоне на денешниот прес уште еднаш најави дека не планира да се поздрави со Јирген Клоп и по крајот на вториот натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул, потег кој веќе го објаснуваше на јавноста пред две недели кога истрча во подтибинскиот простор на „Ванда“ по тесниот пораз од 2:3.

Аргентинецот вели дека не се согласува со англиската култура за поздравување по крајот на натпреварите и во ситуаија кога емоциите се измешани и различни кај двајцата тренери, па по неговата најава дека повторно нема да видиме поздрав на „Енфилд“ по крајот на утрешниот меч, со изјава на оваа тема се јави и Клоп.

– Имам голема почит кон Диего, тоа што го прави со Атлетико и колку добро се носи со врвни тимови веќе со години наназад. Што се однесува до детаљот со ракувањето од минатиот пат, не знаев дека тој има таков ритуал.

– Да знаев дека не се поздравува по крајот, немаше ни да се обидам да се поздравам. Се најдов во непријатна ситуација со подигната рака, а не сум задоволен и од мојата реакција која беше непотребна.

– Двајцата сме многу емотивни личности, но секога кога знам дека не се поздравува по мечот, нема ни да го барам. Нема никаков проблем. Се поздравивме пред мечот во Мадрид, најверојатно така ќе биде и овојпат во Ливерпул, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни