Поврзете се со нас

АТП

Кирјос доби вајлд карта, па порача: Ќе направам шоу

Објавено

на

Се поблиску сме до новата календарска година, а со тоа и враќање на најдобрите тениски возбудувања.

Секако во фокусот е првиот грен слем турнир Австралија Опен, но претходно ќе се одиграа некои други настани како што е оној во Мелбурн. Се работи за турнирот од серијата 250, турнир за кој вајл карта доби контроверзниот Ник Кирјос кој имаше што да каже откако доби шанса за настап.

-Возбуден сум што ќе играм дома. Тениската федерација на Австралија прави добри работи, ми дадоа опција да играм пред Австралија опен. Добивањето покана е одлично – ќе дадам се од себе за да направам шоу. Јас се чуствувам добро. Мојот пријател Дими тренираше со мене во теретана. Среќен сум, се радувам на летото во Австралија. Држам палци за се добро помине, -рече Кирјос.

Ник последен пат играше во септември на Лејвер Купот во Бостон, последниот турнир пак го освои во Вашингтон во 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни