Поврзете се со нас

Свет

Касилјас обелодени какви кошмарни ноќи има по претрпениот срцев удар

Објавено

на

Икер Касилјас доцна синоќа и официјално го промовираше својот документарец кој содржи неколку епизоди, а филмот насловен „Нека висат крилјата“ во првото поглавје ги опишува најтешките моменти кои ги минал славниот голман во својот живот.

При официјалното претставување, Икер прераскажа дел од воведот на филмот кој е посветен на неговиот инфаркт во 2019-та година, кога буквално се струполил на тренингот на Порто со што ги преплашил сите свои соиграчи.

– На 1-ви мај 2019-та година го направив тоа што го правев секој ден. Излегов да тренирам и започнав со рутината да истрчам неколку круга. Во дел од секундата, почувствував дека имам проблеми да земам здив. Кога се приближив до тимот, почувстував дека немам воздух. Мислев дека е некоја алергија, а потоа ми оттрна раката и не можев да дишам. Паднав на подот и порачав дека не можам да дишам.

– Веднаш ме ставија во возило и на пат кон болница, се уште мислев дека е некоја алергија од која не можам да земам здив, не помислив дека е инфаркт, – објаснува Икер кој признава дека после тој ден, има кошмарни ноќи.

– Ако ми се случеше еден ден претходно, додека бев дома, немаше да преземам ништо. Најверојатно ќе останев на лице место. После тоа, никогаш повеќе не легнав на стомак и не заспивам на стомак. Ноќите се страшни и дури најобично кивање станува драма. После шокот, докторот ме уверуваше дека нема да умрам, но јас од страв не можев да спијам. Еден ден си реков, ќе одам да спијам, па ако не се разбудам, нека биде така. Морав да се одморам, – се потсетува Икер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни