Поврзете се со нас

Италија

Карсдорп се исклучи по дербито со Наполи и употреби сила во дуелот со судијата Ирати (Видео)

Објавено

на

Рома загуби на домашен терен од Наполи во едно тешко и исрцпувачко дерби на „Олимпико“, кое донесе и тензија по последниот судиски свиреж.

Ирвинг Лозано влезе во клинч со неколку фудбалери на домашниот тим, а незадоволниот Карсдорп сакаше да истера правда со човекот кој е задолжен да ја дели на теренот.

Дефанзивецот на Рома се исклучи по крајот на дербито и влезе во клинч со главниот судија Ирати, па во еден момент употреби и сила за да го искаже незадоволството.

Карсдорп најпрво имаше близок контакт со главата на Ирати, а потоа го оттурна со раце и му посочуваше дека го згазнал по ногата која му е повредена.

Пред да дојде до овој бизарен инцидент, судијата Ирати покажа црвен картон, но нејасно е дали истиот му беше доделен на Карсдорп, или на помошникот на Жозе Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни