Поврзете се со нас

Италија

Капело објасни зошто Мурињо го доведе Матиќ: Ако сакаш трофеи…

Објавено

на

Немања Матиќ по осум години минати во Премиер лигата во Челси и Манчестер Јунајтед си замина од Англија и се пресели во Италија во екипата на Рома.

Искусниот играч за врска ја прифати понудата на освојувачот на Конференциската лига, а тоа значи дека третпат во кариерата ќе соработува со Жозе Мурињо. Тие двајцата беа заедно во таборот на „сините“ и „црвените ѓаволи“, па сите квалитети му се добро познати на Португалецот кој доби квалитетен игра без никакво трансфер обештетување.

За овој потег свој коментар имаше Фабио Капело кој смета дека „волчицата“ одиграла доста паметно со овој трансфер.

-Тренерот има свои приоритети, ја знае вистинската вредност на еден фудбалер и знае какво првенство го чека и затоа Матиќ му беше приоритет летово. Кога има добар и силен играч за врска, можам да победувам и да освојувам трофеи, а сигурно така размислува и Мурињо. Матиќ е одличен фудбалер, често го гледав во Англија и тој е моќен пред одбраната, -смета прославениот италијански стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни