Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски и Вашингтон Стејт ја минаа првата пречка на турнирот во НЦАА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/WSUCougars

Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски успешно ја мина првата пречка на турнирот во НЦАА лигата, Универзитетот Дрејк кој беше совладан со 66:61 (33:29).

На дуелот кој се одигра во Омаха (Небраска) се водеше голема битка во која Андреј и другарите го имаа последниот збор што им донесе место во следната фаза, пресметка со Ајова Стејт која во оваа рунда беше подобра од Јужна Дакота со 82-65.

Македонскиот репрезентативец беше автор на 9 поени (2/7 од игра, 3/6 од пенал линијата), собра 6 скока и имаше 1 блокада. Најпрецизен беше Џонс со 20, додека Велс додаде 17 кошеви.

Кај поразените се истакна Рајт со 20 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни