Поврзете се со нас

Македонија

Извлечени четвртфиналните групи во ракометниот Куп, Вардар на мегдан со Металург

Објавено

на

Ова попладне во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа извлекувањето на четвртфиналните групи во ракометниот Куп, натпреварување кое ќе има фајнал-фор завршница на средината на месец мај.

Четвртфиналните натпревари ќе се играа на 12-ти и 13-ти март, а како што е од претходно познато, во наредната фаза одат само победниците на групите.

Четирите најдобри ќе формираат фајнал-фор и завршен турнир, но пред да дојде до тоа, фаворитите ќе треба да ги оправдаат ваквите улоги на теренот.

Вардар како бранител на трофејот се најде во групата 1, во која е уште драстично ослабениот Металург, како и екипите на Тиквеш и Јуниор.

Група 1

РК МЕТАЛУРГ – ГРК ТИКВЕШ 2014
РК ЈУНИОР К.В – РК ВАРДАР 1961

Група 2

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК СКОПЈЕ 2020
РК СТРУГА – РК АЕРОДРОМ

Група 3

РК ДРАЧЕВО – ГРК ОХРИД
РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Група 4

РК ПРОЛЕТ 62 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
РК ПРИЛЕП – РК ГОЛДЕН АРТ-КЛ7

Завршниот турнир ќе се игра на 14-ти и 15-ти мај оваа година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни