Поврзете се со нас

Италија

Интер „гризе“ за уругвајски репрезентативец

Објавено

на

Италијанскиот шампион Интер сака да ги засили своите редови за новата сезона, а најновата желба е уругвајскиот репрезентативец, Нахитан Нандез.

Интер сака да го донесе големиот борец на „Џузепе Меаца“ и веќе конкретно работи на оваа зделка. „Нероаѕурите“ се на маса со Калјари и нивната желба е да го донесат на позајмица со право на откуп.

Останува да се види каков ќе биде одговорот на клубот од Сардинија пак од друга страна може да го добие Раџа Наинголан, а не треба да се заборави ниту Далберт кој е веќе договорен.

Инаку Нандез е поранешен играч на Пењарол и Бока Јуниорс, играч кој во Европа дојде во 2019 година. Тој ја покрива средината на теренот, може да игра и на десната страна, па дури и да се повлече поназад што во случајот би значело дека би бил и замена за Ашрах Хакими.

Интерес за него имаше и од премиерлигашот Лидс Јунајтед, меѓутоа засега нема ништо конретно на оваа тема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни