Поврзете се со нас

Франција

Икарди на принудна пауза поради повреда на рамото

Објавено

на

Мауро Икарди денеска ги добил резултатите од деталните прегледи на повредата заработена на дуелот со Брест и истите потврдија дека Аргентинецот мора на принудна пауза.

Напаѓачот на ПСЖ падна незгодно на последното гостување на својата екипа, а клубот објави дека има повреда од втор степен.

Тоа значи дека Икарди ќе паузира 3-4 недели, по што ќе може да им се врати на тренинзите и на натпреварите.

Коректно или не, многу фанови го обвинија Аргентинецот дека самиот е виновен за повредата бидејќи непотребно се фрлил на теренот во ситуација кога се обидуваше да изнуди прекршок од противничкиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни