Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер: Им врескав на директорите на ФИА пред драмата во последниот круг

Објавено

на

Макс Ферстапен на најдраматичен можен начин стигна до својата прва титула во Формула 1, сето тоа како резултат на чудесниот финиш на трката за Големата награда на Абу Даби во која Холанѓанецот успеа да го престигне Хамилтон во последниот круг.

Иако се чинеше дека трката ќе заврши со безбедносното возило, дирекцијата на трката одлучи да даде последна шанса за натпреварување во последниот круг, а пред да го направи тоа, директор Мајкл Маси оцени дека болидите кои заостануваат еден круг треба да му се тргнат од патот на Макс Ферстапен.

Со ова, Макс се најде веднаш зад опашката на седумкратниот светски шампион и доби шанса да го нападне во последниот круг со свежи гуми, што на крајот се случи и го материјализираше со победа и прва шампионска титула.

Тото Волф како шеф на Мерцедес беше бесен на случувањата и бараше објаснувања од Маси, но според Хорнер, директорот на трката ја донел вистинската одлука.

– Им врескав на крајот да ја пуштат трката во последниот круг. Тоа беше добра одлука од дирекцијата на трката, од Мајкл Маси. Донесовме одлична стратешка одлука, влеговме во бокс и ставивме меки гуми и му оставивме шанса на Макс да победи. Дирекцијата донесе вистинска одлука што остави да се тркаат на патеката, горд сум на Макс и на целиот тим.

– Знаевме дека Макс нема да се откаже и фантастично е да се види како ја слави титулата. Во последните десет кругови, смислував реченици за тоа како ќе го утешам за пропуштената шанса, а тогаш ни се насмевна среќата и влезе безбедносното возило. Имав несогласувања со Тото Волф и Мерцедес, но ги почитував во секој поглед. Не чека голема битка и наредната година, – изјави тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни