Поврзете се со нас

Светски првенства

Халанд призна дека му фали клупскиот фудбал: Ми беше многу здодевно за време на СП

Објавено

на

Во неделата официјално заврши 22. Светско првенство на кое домаќин беше Катар, а титулата ја однесе селекцијата на Аргентина.

Ноември и декември беа резервирани за репрезентативен фудбал, ама не сите играчи особено големи ѕвезди имаа можност да бидат на СП и да ги бранат боите на својата држава. Еден од нив беше Ерлинг Халанд кој со својата Норвешка не избори пласман, па тој беше искрен и посочи дека му било здодевно за време на Мундијалот.

-Додека моите соиграчи беа отсутни, јас бев навистина заглавен. Понекогаш ми беше здодевно. Ама не е важно, времето лета. Нема да лажам, ми недостигаа шегите со соиграчите и славењето голови со нив, -пораа Халанд кој се покажа како топ засилување за „граѓаните“ во актуелнава кампања.

Ерлинг прва шанса за официјален настап на еден меч ќе има против Ливерпул во англискиот Лига Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни