Поврзете се со нас

Формула 1

Хакинен за Ф1 „финалето“ во Абу Даби: Полошо ќе беше трката да заврши со безбедносно возило

Објавено

на

Драматичната завршница на Формула 1 сезоната и кулминацијата во последниот круг од последната трка во Абу Даби, го инспираа и поранешниот шампион Мика Хакинен во неговата последна колумна.

Финецот смета дека директорот на трката не погрешил со одлуката да им дозволи на Макс Ферстапен и Луис Хамилтон да имаат уште еден натпреварувачки круг во завршницата, потенцирајќи го и квалитетот на двајцата возачи кои според него се вистински шампиони.

– Неверојатно е што најдолгата сезона на Светското првенство во Формула 1 беше решена во последната трка. Тешко е да се објасни што се случуваше во неделата и сигурен сум дека е ова е момент за кој фановите ќе зборуваат уште долго.

– Мислам дека ќе беше полошо ако трката завршеше со безбедносно возило, тоа ќе беше негативна реклама за првенството. Директорот на трката мора да балансира меѓу безбедноста и тркањето, а тоа е тешка задача, иако видовме дека стјуардите ги поддржаа неговите одлуки. Не верувам дека ќе има промени на резултатите, а Макс и Луис покажаа дека се големи шампиони и амбасадори на овој спорт.

– Мора да ги истакнам и третото место на Карлос Саинц, кој покажа со каков потенцијал располага, одличната трка на Серхио Перез кој му помогна на Ферстапен, како и одличното четврто место на мојот поранешен тим Мекларен, – истакнал Хакинен кој беше Ф1 шампион во 1998 и 1999 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни