Поврзете се со нас

Италија

Гулит: Милан не смее да дозволи Интер…

Објавено

на

foto:twitter.com/dunhilllinks

Милан е домаќин на Интер во вечерашното дерби во Серија А, меч во кој гостите и математички можат да ја обезбедат титулата во Серија А.

„Нероаѕурите“ имаат 14 бода повеќе од градскиот ривал на шесто кола до крајот (со денешниот натпревар) што значи дека денеска можат да се радуваат на Скудетото и со тоа им ненесат удар на „росонерите“, момент за историја затоа што ретко се ваквите ситуации пехар да прославите против лут ривал.

Руд Гулит е легенда на Милан и како таков бара избраниците на Стефано Пиоли да спречат таков момент, ситуација на „Сан Сиро“.

-Да кажеме дека во Милан би претпочитале поинаков натпревар, да речеме да не биде решавачки, но со оглед на ситуацијата сигурен сум дека ќе направат се за да не загубат. Интер не може да слави Скудетото во дерби средбата во домот на Милан

-Сепак, мора да признаеме дека Интер игра многу добро и не само од денес, лани стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, тие се одличен тим. И ќе кажам нешто што никогаш не сакав да го кажам, тие се фаворити за победа вечерва, -рече Холанѓанецот за „Газета Дело Спорт“.

Средбата се игра од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни