Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар и Еуро Никел подобри во две драматични завршници

Објавено

на

Драматичен финиш го донесе победникот на два натпревара кои денеска се одиграа во македонското кошаркарско првенство, а на кои до победи стигнаа Гостивар и Еуро Никел.

Вардар и Гостивар одиграа неизвесен дуел кој заврши со резултат 105:106, а веројатно беше одлучен од искуството на гостите кои се снајдоа подобро во финишот и остануваат во игра за пласман во плејофот.

Тодоровиќ со 26 и Димчевски со 25 поени биле најдобри реализатори во победничката екипа, додека кај Вардар, Прауел и Дикембе го завршија дуелот со 27, односно 22 поени.

На вториот натпревар меѓу Кожув и  Еуро Никел се играше и продолжение, а на крајот славеа гостите од Кавадарци со резултат 76:81.

Неизвесноста кулминираше со дополнителните минути кои беа потребни да се реши победникот, а во нив Еуро Никел беше подобар со 10:15, за на крајот оваа екипа да оствари важен триумф во обидот да се најде во плејоф друштвото.

Рикиќ со 16, односно Дубински и Караколев со по 15 поени биле најефикасни во гостинската екипа, додека во редовите на Кожув, се издвоија Скот со 25 и Силаџи со 21 поен.

По оваа рунда, Еуро Никел е со ефект 11-6, Гостивар е на 10-8, додека Кожув има ефект 8-10, кој го оддалечува тимот од посакуваниот пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни