Поврзете се со нас

Светски првенства

Горецка се огласи за главната дискусија во германската јавност: Се знае каде треба да се бара вината за поразот од Македонија

Објавено

на

БАерн Минхен докажа дека знае да победува и без Роберт Левандовски, и тоа на нависитна важен натпревар како што беше оној против директниот ривал за титулата во Бундеслигата.

Баварскиот великан победи на гостувањето со минимални 0:1 и стрелец на единствениот гол беше Леон Горецка, младата ѕвезда на Баерн која покрај тоа што говореше за важните три бода кои ги освои неговиот тим, доби прашања и за тоа што се случи три дена претходно.

Горецка беше дел од тимот на Германија кој претрпе пораз од Македонија во Дуизбург, а додека во нашата јавноста и во регионот се говореше за триумфот од историско значење, во германската јавност се отвори медиумска дискусија за тоа дали Јоаким Лев воопшто треба да го води тимот на Европското првенство.

Дел од експертите сметаат дека Лев треба да заработи отказ по поразот од Македонија во последниот официјален тест пред Европското првенство, но со тоа не се согласува Горецка кој вели дека виновни за неуспехот во средата биле тој и неговите соиграчи кои биле преопуштени.

– Вината треба да се бара кај нас и кај никој друг. Ние играчите сме виновни за поразот од Македонија. Почувствувавме голема еуфорија по првите два натпревари во групата и мислевме дека се е готово. Мора да бидеме многу постабилни и да се вратиме на победите кога повторно ќе се состанеме како репрезентација, – изјави ѕвездата на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни