Поврзете се со нас

Боречки спортови

Голем гест: Тренерите на Георгиевски не ја прифаќаат наградата од Владата (Фото)

Објавено

на

Владата донесе едногласна одлука за еднократно доделување премии за Дејан Георгиевски и неговиот тренер Дарко Костовски, кој брзо по ваквата вест која стана актуелна во јавноста, нагласи дека се откажува од својата награда.

На 92-та седница беше донесена одлука олимпискиот вицешампион да добие 30 илјади евра од Владата и Агенцијата за млади и спорт, додека 10 илјади евра беа наменети за неговиот тренер Костовски.

Сепак, Дарко се откажува од паричните средства кои се наменети за него, од едноставна причина што смета дека цел износ треба да го добие вистинскиот херој, а тоа е освојувачот на историскиот сребрен медал.

– Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!

– За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ), – напиша Костовски на својот Фејсбук профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни