Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за турнирот во Белград: Некој ќе каже дека е ризично, но овде е поинаку од Синсинати

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вели дека го остварил својот сон со организација на „Адриа тур“, неколку турнири кои ќе се одржат во регионот, а кои ќе помогнат и за собирање средства кои ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

Денеска започна турнирот во Белград на кој покрај Ѓоковиќ настапуваат и Тим, Зверев, Димитров, Троицки, Лајовиќ, Зимоњиќ, како и српските тенисерки Јелена Јанковиќ и Олга Даниловиќ.

Трибините во тенискиот центар „Новак“ беа солидно исполнети, а тоа за странските новинари е и мало изненадување со оглед на строгите мерки и забрани, кои поради коронавирусот важат во глобални рамки.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата зборувал и на оваа тема.

– Околностите се поинакви, а во Србија и мерките се поинакви во однос на САД и В. Британија. Ние во регинот добро се носиме со вирусот, знаеме дека се загубени многу животи, но животот мора да продолжи.

– Постојат различни агли за критика, јас се држев до мерките кои ги пропиша нашата влада. Искористивме можност, можеби некој ќе рече дека ова е ризично и опасно, но јасно е дека овде ситуацијата е поинаква од таа во Синсинати, – изјавил Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни