Поврзете се со нас

Репрезентација

Германскиот бренд останува наш партнер: „Јако“ со оригинална порака го прослави продолжениот договор со Македонија (Фото)

Објавено

на

Познатиот германски бренд јако и во иднина ќе ги изработува и дизајнира дресовите на македнската фудбалска репрезентација, откако челните луѓе на компанијата потпишале нов двегодишен договор со ФФМ.

Оваа вест ја пренесоа водечките луѓе на „Јако“ и веста беше пренесена преку социјалните мрежи, по што следеше и објава од страна на Фудбалската Федерација на Македонија.

„Јако“ донесе позитивни вибрации и навистина голема среќа за најсилниот македонски тим, бидејќи со овој бренд нашиот најдобар состав отиде на историското Европско првенство.

Германците се покажаа како добри партнери и на оригинален начин го прославија продолжениот договор, потсетувајќи на најдобрите хајлајти од досегашната соработка.

– Со гордост го објавуваме продолжениот на договорот со ФФМ до 2025 година. Размислуваме на незаборавните моменти од нашето патување, вклучувајќи го нашето присуство на Евро 2020 и епскиот триумф над Италија во плеј-офот во 2022 година. Ни претстојат уште победи и незаборавни спомени!, – гласи објавата на Германците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JAKO (@jako_ag)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни