Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гарсија воодушевен од лојалноста на тифозите: Слушнав каква бројка ќе патува во Германија

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Руди Гарсија успешно го положи првиот испит откако го мина најтешкиот период во својата кратка етапа во Наполи, па откако тимот славеше над Верона, сега следи нов предизвик во Лигата на шампионите.

Италијанскиот првак вечерва ќе се соочи со Унион Берлин и ќе се обиде да ги врати бодовите кои ги загуби против Реал Мадрид, а наполитанците ќе имаат огромна поддршка и од страствените и лојални тифози.

Прогнозите се дека околу 3400 навивачи на Наполи вечерва ќе му дадат поддршка на својот тим во Берлин, најава која не го остави рамнодушен ниту Руди Гарсија.

– Слушнав дека голем број од тифозите кои беа во Верона, ќе ги видиме и во Берлин. Тоа е страшна финансиска жртва од нивна страна за да го бодрат тимот. Што може да се каже, освен да се покаже неизмерна почит за тоа што го прават, – изјави Гарсија.

– Нашата цел е да оствариме победа и да вратиме дел од бодовите кои ги загубивме против Реал. Немам многу дилемим, веќе ја имам стартната постава во глава, но најважно е сите да бидат подготвени за игра, – додаде тренерот на Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни