Поврзете се со нас

Свет

Фудбалер на Јунајтед може да избере африканска репрезентација и да создаде нов проблем за Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед може да остане без уште еден фудбалер во текот на јануари, бидејќи Арон Ван-Бисака сериозно размислува да прифати повик од африканска репрезентација.

Ван-Бисака е роден во Англија, но има потекло од ДР Конго, а африканската селекција му понудила можност да стане нејзин член, што би значело и настап на претстојниот Африкански куп на нации.

Членот на „црвените ѓаволи“ досега има настап само за У-20 репрезентацијата на Англија и според тоа може да избере друг национален тим, а во ДР Конго се надеваат дека фамилијарната поврзаност со земјата ќе биде доволен фактор за Ван-Бисака да ја прифати поканата.

Десниот бек на Јунајтед не е единствениот кој не би можел да ги извршува клупските обврски во јануари, бидејќи се очекува за своите репрезентации да настапуваат и Онана и Амрабат. Заедно со проблемите со многу повредени играчи и фудбалери кои се далеку од својата најдобра форма, ова ќе биде дополнителен проблем за менаџерот Ерик тен Хаг.

Африканскиот куп на нации ќе се одржи меѓу 13 јануари и 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни