Поврзете се со нас

Франција

Француски шестолигаш го доби ПСЖ за противник, реакцијата на играчите е непроценлива (Видео)

Објавено

на

Куп натпреварувањата се добра шанса за нисколигашите да се покажат на највисока сцена и да добијат шанса да играат против врвни професионалци, па понекогаш таквите натпревари носат посебна магија и се случуваат и големи изненадувања.

Малите екипи секогаш влегуваат со посебен жар и мотивација во дуелите со прволигашите, а така сигурно ќе биде и со тимот на Ревел кој во следното коло од францускиот Куп ќе игра против најдобриот тим во земјата.

Овој француски шестолигаш стана вирален хит во Франција во последните неколку часа, сето тоа како последица на ждрепката која се одржа за новата рунда во националниот Куп.

Извлекувањето на паровите било групно следено од сите играчи на првиот тим, а навистина непроценлива е реакцијата на аматерите кога за ривал го добија ПСЖ.

Францускиот шампион во својот тим има голем број фудбалски ѕвезди, па за играчите на Ревел сигурно ќе биде голема сатисфакција да ги одмерат силите против нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни