Поврзете се со нас

АТП

Федерер го избра најважниот удар во неговата кариера: Немаше да го освојам Ролан Гарос без тој форхенд (Видео)

Објавено

на

Рожер Федерер е 20-кратен грен слем шампион и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, па како човек со таков епитет, доби навистина интересно прашање во последното интервју кое го одработи за магазинот „Џи-Кју“.

Федерер повеќе од 20 години е во професионалниот тенис и успеа да ги освои и обедини сите титули на големите турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен), но мора да се признае, дека убедливо најтешко му беше да го подигне пехарот во Франција.

Швајцарецот претрпе неколку болни порази во финалињата на Ролан Гарос од Рафаел Надал, но конечно успеа да го освои овој турнир во 2009-та година, откако Шпанецот претходно доживеа шокантен резултат и елиминација од Содерлинг. Федерер го победи токму Содерлинг во големото финале, но вели дека најважниот удар во кариерата го режирал неколку дена порано кога во четвртата рунда едвај го победи Томи Хас.

Германецот имаше водство од 2:0 во сетови и дочека шанса за брејк топка при резутлат 4:3 во третиот сет, по што следeше извонреден форхенд од Федерер, кој се покажа како најава за страшен пресврт. Рожер го посочи овој удар како најважен во неговата кариера, бидејќи подоцна ја освои титулата која единствено му недостасуваше.

– Многу добро прашање и многу тешко. Сепак, мислам дека форхендот против Томи Хас на Френч Опен. Губев 2-0 и брејк топка за Томи. Постојано зборуваме за тоа секогаш кога ќе се видиме. На крајот го добив тој меч и го освоив Ролан Гарос. Тогаш го израмнив рекордот на Сампрас од 14 грен слем титули. Ако не го погодев тој форхенд, најверојатно ќе загубев и немаше да го освојам Ролан Гарос. Се молев да го погодам тој удар и потоа се смени целиот моментум. После тоа, имав извонредно лето. Изгледа така требаше да биде, – вели Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни