Поврзете се со нас

Италија

Еве како ќе изгледа табелата во Серија А по казната која ја доби Јувентус (Фото)

Објавено

на

Федералниот апелационен суд го казни Јувентус со одземање на 15 бодови од контото во Серија А и изрече суспензии за неколку многу познати директори кои си поднесоа оставки, сето тоа како резултат на скандалот кој излезе на виделина по крајот на минатата натпреварувачка сезона.

Финансиските малверзации и прикривањето на точни информации за трансферите и платите на фудбалерите на крајот силно им се удри од глава на екс директорите на Јувентус, бидејќи тимот е оној кој го извлече најдебелиот крај во дадената ситуација.

Избраниците на Масимилијано Алегри собраа 37 бода на 18 меча во италијанската прва лига и беа на 3-то место, но сега со одземените бодови следи огромен пад и тешка борба за излез во Европа.

По ново, Јувентус ќе има 22 бода и ќе падне на 10-то место во Серија А, исто колку што имаат и 11-то и 12-то пласираните Болоња и Емполи.

Италијанските медиуми веќе објавија како ќе изгледа новата табела во Калчо лигата, па така фудбалерите на Јуве вториот дел од сезоната ќе го започнат со голем минус кога е битката за влез во Лигата на шампионите. Лацио во моментов е на четвртото место со 34 бода, 12 повеќе од Јувентус по новонастанатата ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни