Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер се засили со бек од Данска (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со уште еден играч кој доаѓа од Скандинација или поточно од Данска.

Се работи за 28-годишниот Себастијан Хенеберг кој во Битола доаѓа од редовите на Алборг. Хенеберг е висок 197 сантиметри, тежок 101 килограм и има искуство со настапите во Лигата на шампионите што значи дека треба да биде големо засилување за македонскиот вицешампион.

Инаку Себастијан блесна во Силкеборг и Архус по што следуваше преселба во Елверум од каде пак по успешната сезона се врати дома во Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни