Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел ја доби битката со Кожув, Феникс сигурен против „црвено-црните“

Објавено

на

Фото: Филип Данински - КК Кожув - Гевгелија

Кошаркарите на Еуро Никел 2005  и Феникс 2010 остварија победи на првите две средби од 13. коло во најсилниот домашен шампионат.

Еуро Никел како гостин беше подобар од Кожув со резултат 86:81. Првиот дел им припадна на домаќините, но во второто полувреме клубот од Кавадарци покажа повеќе и се избори за десеттиот сезонски триумф.

Петмина играчи беа двоцифрени, Глигоријевиќ беше лидер со 19 поени, Мексвејн уфрли 16, Младеновиќ 15, Соколов 11, а Дубински 10 кошеви. Артисон пак со 29 кошеви беше најдобар поединец кај Кожув.

Феникс пак го надигра Вардар со 104:89 во дуел во кој Митков беше ветеранот Трајковски беше прво име со 23 поени, Метјус имаше еден помалку, додека Џонс застана на 18 кошеви.

На другата страна, комплетно ефикасна игра на сите во стартната петорка, Митков заврши со 18 поени, Наков имаше 16, Атанасов 15, еден помалку од него уфрли Бајрам, а јуниорскиот репрезентативец Луканоски уште десет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни