Поврзете се со нас

Репрезентација

ЕП кошарка: Шпанците пресилни за кадетите во Скопје

Објавено

на

По стартната победа против Црна Гора, македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе и вториот пораз на Европското првенство кое се игра во Скопје.

Фаворизираната Шпанија го оправда ваквиот статуст со фуриозна игра во првото полувреме, кое беше повеќе од доволно за да се оствари комотна победа.

Грците вчера беа пресилни за нашите кадети во дуелот на двете соседски репрезентации, па денешниот пораз од 86:59 значи дека Македонија ја завршува првата фаза како третопласирана во групата.

Големиот респект кон Шпанците се одрази негативно на теренот и по првото полувреме беше 48:22, по што стана јасно дека Македонија ќе патува во следната фаза на турнирот како трета селекција.

Тоа ни носи дуел со Турција во осминафиналната фаза, што е исто така сериозен предизвик со оглед на тоа што Турција го освои второто место во групата Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни