Поврзете се со нас

Италија

Ѕаниоло за интересот од Милан и Јувентус: Драго ми е што го освоија Скудетото, задоволство е…

Објавено

на

Николо Ѕаниоло веќе неколку години е на големата сцена, период во кој имаше одлични и лоши моменти, но и повреди поради кои мораше да направи пауза.

Во минатава сезона Ѕаниоло повторно имаше минути во кои доби можност да покаже што знае и умее, а со оглед на тоа што има 22 години повеќе од јасно е дека допрва следи она надоброто од него. Тоа го знаат клубови како Милан и Јувентус, па на Италијанецот му е драго што го следат и што е предмет на интерес на такви гиганти.

-Задоволство е да се биде предмет на интерес од големите клубови, ако да мислат за тебе, значи дека си добар. Тренирам со уште поголема мотивација, бидејќи сакам да докажам дека е правилно што ме поврзуваат со овие врвни клубови, -вели Николо кој запрашан за тоа дали може да биде наследник на Пауло Дибала во Јувентус вели:

-Изгледа претерано, но секако дека е пријатно. Тој е фантастичен играч, единствен. Ќе видиме, животот е непредвидлив и никогаш не знаеш што може да се случи во иднина. Само ќе тренирам и ќе чекам, -истакна Ѕаниоло кој потоа говореше за неговиот идол Златан Ибрахимовиќ кој да не заборавиме е дел од Милан.

-Го остварив сонот играјќи на истиот терен како Ибрахимовиќ. Не разговарав со него, но го проучував: начинот на кој и пристапува на играта, неговото движење, каков харизматичен лидер е тој. Бев премногу срамежлив да се доближам… Оддалеку му се восхитував. Драго ми е што Милан го освои Скудетото на крај, -порача членот на Рома кој има договор до јуни 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни