Поврзете се со нас

Лига Европа

Двајца важни играчи за Рома ќе се вратат пред средбата со Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Рома за две недели ќе се соочат во својот прв полуфинален натпревар од Лига Европа кој ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Англискиот тим е фаворит на оваа средба, меѓутоа како што најави и Солскјер, Рома не смее да се отпише затоа што во тимот поседува доста квалитетни фудбалери кои може да направат проблеми на Јунајтед.

Стратегот на Рома, Паоло Фонсека за средбите со Јунајтед ќе може да смета и на сега повредените Стефан Ел Шарави и ЛЕонардо Спинацола кои се очекува да се вратат на време за да се соочат со „ѓаволите“.

Проблем за Фонсека ќе биде тоа што на средбата со Јунајтед нема да може да смета на поранешниот член на клубот, Крис Смолинг кој нема да се опорави навреме за да се соочи со својот некогашен тим.

На средбата со Манчестер Јунајтед нема да игра ниту Николо Ѕаниоло кој долго време се опоравува по повредата на коленото, а мечот ќе го прескокне и Џанлука Манчини поради суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни