Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Душебаев го наполни голот на Вардар, Кјелце го освои „Јане Сандански“

Објавено

на

Ракометарите на Вардар претрпеа пораз од Кјелце од 33-29 во вечерашниот меч што се одигра во „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите.

Ова за „црвено-црните“ беше прв натпревар по скоро еден месец, па забележливи беа осцилациите во играта, на периоди Вардар беше подобар од противникот, се носеше со истиот, ама имаше и празни интервали кои Кјелце кој е во полн натпреварувачки ритам знаеше како да ги искористи.

Гостите од Полска првиот дел го добија со 16-13, но потоа на сцена стапи Вардар кој со квалитетна игра успеа да направи пресврт и да поведе со 22-21 во продолжението. Меѓутоа нашиот преставник немаше доволно сила за да продолжи во вакво темпо и избрниците на Душебаев воспостави одново контрола, реализираа во нападот, голманот Волф бранеше и на крајот сосема заслужено победнички си заминуваат од Скопје.

Алек Душебаве со 10 гола беше најдобар стрелец, додека кај Вардар се истакна Јотиќ со 6 погодоци.

Во следното коло одново се среќаваат овие две екипи со тоа што сега актуелниот европски првак ќе гостува во Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни