Поврзете се со нас

Репрезентација

Дугари ја навреди Македонија и многу други балкански репрезентации: Тие се бескорисни, никогаш не треба да ги гледаме!

Објавено

на

Криштоф Дугари своевремено беше познато француско име, ас кој играше за Барселона, Милан, Олимпик Марсеј, човек кој беше дел од селекцијата на „триколорите“ која ја освои светската титула во 1998 година, европската во 2000 и Купот на конфедерации во 2001 година.

Меѓутоа по завршувањето на играчката кариера, Дугари го нема на фудбалската карта, нема никаков посериозен ангажман, успех, поточно актуелен е само кога „плука“, поточно со неговите контроверзни ставови, па најчесто ако за луѓето одредена работа е „бела“ тој го тврди спротивното и со тоа добива на внимание.

Токму еден таков негов став донесе бура од реакции затоа што спомена голем број на репрезентации вклучувајќи ја и македонската за која смета дека е бескорисна и не треба да се гледа.

-Гледав Франција-Гибралтар затоа што тоа е моја работа, но има многу селекции кои немаат врска со овие квалификации за ЕП. Тоа е меч којаќе влезе во книгите, но останува анегдота. Тоа е рекорд, но анегдотски запис. Инсистирам и потпишувам, сите овие „кикиритки“ натпревари немаат никаква корист, треба да ги заморат момците, да повредат некои,-рече Дугари и продолжи.

-Гледам натпревар по натпревар на земји како Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија… Сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија… никогаш не треба да ги гледате – заклучи Французинот кој за ова доби доста критики.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни