Поврзете се со нас

Формула 1

Дополнителен шок за Ферстапен: Стјуардите го казнија Макс непосредно пред стартот на трката!

Објавено

на

Макс Ферстапен имаше огромно заостанување на вчерашните квалификации од речиси половина секунда во однос на Луис Хамилтон, но со новата казна која ја изрекоа стјуардите, шампионската трка во Формула 1 станува уште пожестока.

Холандскиот возач заработи официјална казна на час и половина пред трката во Катар, откако стјуардите одлучија дека мора да одработи „пенали“ за непочитувањето на строгото правило за време на вчерашните квалификации.

Ферстапен не го запрел својот болид со две жолти знамиња на патеката за време на одлучувачките квалификации, поради што му е изречена казна од пет места.

Ова е навистина непријатен удар за амбициите на Макс кога е трката во Катар во прашање, бидејќи и онака беше инфериорен во однос на Хамилтон, а сега ќе мора да се бори за што подобра позиција.

Покрај Ферстапен кој ќе стартува седми, казна од три места заработи и Валтери Ботас, што значи дека друштво на Хамилтон во првиот ред ќе му прави Гасли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни