Поврзете се со нас

Шпанија

Депај самостојно објави каде ќе игра во новата сезона (Фото)

Објавено

на

Мемфис Депај се претвори во најзвучното име кое се очекува да си замине од Барслеона во завршниот час од летниот преоден рок, бидејќи претходно клубот веќе ги договори сите детали за трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Челси.

На шест часа пред затворање на трансфер пазарот, Депај ги контактирал луѓето од клубот и побарал трансфер со цел да ја добие посакуваната минутажа, па иако Барса веднаш отвори уште едни преговори со Челси, на крајот зделката нема да се реализира.

Тоа го потврди самиот холандски репрезентативец, кој невообичаено се јави на социјалните мрежи за да ја изнесе последната новост за неговата иднина.

Некарактеристично за големите фудбалски ѕвезди, Депај призна дека бил на трансфер пазарот до последниот час на преодниот рок, но на 50-тина минути пред полноќ извести дека останува во Барселона.

– Одлучив да останам во Барселона! Останувам целосно посветен во придонесот за спортскиот успех на клубот, – порача Депај на кого претходно му пропадна и трансферот во Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни