Поврзете се со нас

Конференциска лига

Дебакл за Ристовски и компанија: Фуриозниот ПАОК го уништи Динамо Загреб во Солун

Објавено

на

foto:twitter.com/PAOK_FC

Составот на Динамо Загреб за кого настапува нашиот Стефан Ристовски доживеа елиминација од Конференцската лига на УЕФА и тоа од грчкиот претставник ПАОК.

Хрватскиот првак славеше со 2-0 на првата средба на „Максимир“, но вечерва во Солун беше демолиран со 5-1 и во иднина ќе се насочи само на настапите во домашните натпреварувања.

Домашните фудбалери веќе во првиот дел дојдоа до водство од 3-0, Хоџа на стартот на второто полувреме ги врати „модрите“ во живот, но во преостанатиот дел ПАОК даде уште два гола и продолжува во следната фаза.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и екипите на Фенербахче и Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни