Поврзете се со нас

АБА лига

Дамјан ја знае „формулата“ за победа над Цибона: Само со…

Објавено

на

Тимот на МЗТ Скопје е домаќин на Цибона во АБА лигата, меч (18 часот) кој македонскиот првак мора да го добие ако сака да ги задржи шансите за опстанок во АБА лигата.

Се освен победа ќе значи паѓање во понизок ранг за избраниците на Николиќ, па затоа составот од Аеродром воден од публиката, навивачката група „Фемили“ се надева дека ќе дојде до посакуваниот резултат.

-Свесни сме дека ова е исклучително значаен натпревар за нашиот тим. Во АБА-лигата нема слаби противници, па без разлика на моменталната ситуација во која се наоѓа нашиот противник, мора да ја респектираме Цибона. Само со добра игра и максимална енергија, како и со гинење во одбраната од првата до последната секунда ќе може да дојдеме до посакуваната цел. И, секако, со голема поддршка од нашите најверни и од сите други навивачи, симпатизери и кошаркарски вљубеници во државата, -порача капитенот Дамјан Стојановски.

Ако МЗТ дојде до победа тогаш се ќе зависи од утрешната средба во „Морача“ каде Будуќност ќе го пречека Борац Чачак. Тоа е средба на која домаќините се огромни фаворити и ако го оправдаат тој статус, тогаш „штрковите“ ќе обезбедат „плејоф“ фаза за останување во првата регионална лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни