Поврзете се со нас

Светски првенства

Далиќ се одлучи за сигурна опција, Скалони ја промени формацијата

Објавено

на

На еден час пред почетокот на првото полуфинале на Светското првенство, пристигнаа и официјалните стартни постави за кои се одлучија двајцата селектори.

Златко Далиќ се одлучи за она што се покажа како добро и не направи ниту една промена во стартните 11 во споредба со мечот со Бразил, па така формацијата на „коцкестите“ останува 4-3-3.

Ливаковиќ е на голот, бедемот пред него во одбраната го сочинуваат Соса, Јурановиќ, Ловрен и Гвардиол, а стандардно во тројката на средината се Брозовиќ, Модриќ и Ковачиќ. Во нападот како тројка фигурираат Перишиќ, Пашалиќ и Крамариќ.

За разлика од Далиќ, Лионел Скалони ја промени формацијата и нема да игра со 3-5-2 како против Холандија, одлучувајќи се за стандардната 4-4-2.

Од одбраната отпадна Мартинез од Манчестер Јунајтед, а Талјафико го менува суспендираниот Акуња

Стартни 11 на Аргентина: Мартинез, Молина, Отаменди, Ромеро, Талјафико, Де Паул, Паредес, Фернандез, МакАлистер, Меси и Алварез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни