Поврзете се со нас

НБА

„Циркус-медрано“: Харден е креатор на најоткачената дефанзивна акција во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Филделфија направи неверојатен пресврт и се избори за победа против Денвер на домашен терен од 126:119, но успеа да ја надмине и најоткачената ситуација во НБА лигата оваа сезона.

„Сиксерси“ се вратија од минус 15 и го комплетираа импресивното враќање во последната четвртина, пред се благодарение на разиграниот Ембид кој уфрли 47 поени во противничкиот кош.

По Ембид, вториот најдобар кошаркар во домашниот тим постигна само 17 поени, а тоа беше Џејмс Харден кој беше креатор и на најголемиот циркус оваа сезона.

При самиот крај на третиот период, домашните направија несекојдневен превид и играа само со четворица играчи на паркетот, па откако на Харден му стана јасно што се случува, влета од клупата и прекина акција на противникот.

Дефанзивната реакција на Харден ги шокираше и изнасмеа сите кои го гледаа мечот, но за тој потег заработи техничка грешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни