Поврзете се со нас

Англија

Четата на Емери го нокаутираше Арсенал, Сити е нов лидер во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Екипата на Арсенал го претрпе вториот сезонски пораз на домашен терен во Премиер лигата, пораз од Астон Вила кој дојде во најлошо време со оглед на тесната трка за титулата.

„Топчиите“ беа поразени од клубот од Бирмингем со 2-0 и со тоа официјално останаа без лидерската позиција на табелата која ја имаа пред актуелнава 32 рунда. Гостите имаа два шута во рамките на голот на Раја, а двата завршија во мрежата на фаворитот.

Клучните моменти се случија во самиот финиш, прво Бејли стрелаше во 84 минута за да во 87 Воткинс ги потврди трите бода за избраниците на Унаи Емери.

Нов лидер е Манчестер Сити со 73 бода пред Арсенал и Ливерпул кои загубија денеска и имаат по 71 поен.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни