Поврзете се со нас

Англија

Челси го продава Зума на ривал од Премиер лигата за да собере пари за ново супер засилување

Објавено

на

Томас Тухел ја притиска управата на Челси до крајот на преодниот рок да биде ангажирано уште едно супер засилување.

Челси веќе извесен период е заинтересиран за услугите на Жулс Кунде од Севилја, меѓутоа шпанскиот клуб нема да го продаде играчот за сума пониска од 60 милиони евра.

За да се реализира трансферот на Кунде, од Челси ќе се обидат да го продадат својот стопер Курт Зума кој претходно беше понуден токму на Севилја како дел од понудата за Кунде.

Сепак, желбата на самиот играч била да остане во Премиер лигата, а сега таквото нешто е можно затоа што за него интерес пројавил тимот на Вест Хем.

Според „Скај Спортс“ веќе се започнати преговори меѓу Челси и Вест Хем, а трансферот на францускиот интернационалец би изнесувал околу 25 милиони фунти. Веднаш откако ќе се комплетира овој трансфер, Челси ќе запне да го ангажира Кунде кој веќе е и редовен француски репрезентативец.

Што се однесува до Кунде, тој веќе извесен период ги имал договорено личните примања со Челси, но нема да и прави проблеми на Севилја и ќе ја почитува конечната одлука на клубот од Андалузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни