Поврзете се со нас

Свет

Чеферин: Никој во светот не го разбира правилото за играње со рака

Објавено

на

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин го истакнал своето незадоволство од фудбалското правило за санкционирање на играњето со рака, потенцирајќи дека тоа мора да биде појасно.

Словенецот вели дека и самиот не знае кога е пенал, а кога не е, а во таква ситуација биле и тренерите на кои им било поставено конкретно прашање за одредени ситуации.

– Ги имавме најдобрите тренери во една просторија.

– Им покажавме ситуација во која фудбалер игра со рака и ги прашавме дали е пенал. Половина рекоа дека е пенал, половина дека не е.

– Мислам дека одлуката треба да му биде оставена на судијата, бидејќи инаку немаме потреба од него на теренот. УЕФА ќе им препорачува на судиите да носат одлука според својата проценка, односно дали движењето било природно, дали топката одела кон голот и слично. Во меѓувреме создадовме специјален борд во кој членови се имиња како Мурињо, Анчелоти, Малдини и Фиго, а кој ќе треба да носи препораки за работи поврзани со фудбалски прашања.

– Нашиот фудбалски борд ќе препорача официјално до УЕФА да не се санкционира играње со рака кога топката прво удрила во друг дел на телото на фудбалерот и кога топката не оди кон голот, – изјавил Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни