Поврзете се со нас

Шпанија

Чави најави промена за незадоволната млада ѕвезда во првиот тим: Очекуваме да биде клучен следните шест месеци

Објавено

на

Ансу Фати никако не може да биде задоволен од улогата која ја имаше во шпанскиот тим на Светското првенство во Катар, но за време на турнирот, се пожали и за својата минутажа која ја доби во Барселона од стартот на сезоната.

Младиот фудбалер кој имаше неколку тешки повреди на коленото не го бележи прогресот кој се очекуваше, па иако здравствената состојба беше главна причина за тоа, офанзивниот фудбалер во последно време покажа и доза на нетрпение.

Поради тоа, Чави Ернандес сега реши ад му испрати порака пред продолжението од сезоната која следи на клупски план, потенцирајќи дека очекува многу од Фати во наредните шест месеци.

Целта на Барселона ќе биде да ја освои титулата во Ла Лига по големото разочарување кое го доживеа во Лигата на шампионите, а Чави вели дека Ансу ќе има далеку позначајна улога во вториот дел од сезоната.

– Почнувајќи од сега, Ансу Фати ќе биде многу поважен за нас до крајот на сезоната. Имаше посакуван прогрес по тешкиот период кој го остави зад себе, но сега очекувам да биде клучен за нас во наредните шест месеци, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни