Поврзете се со нас

Македонија

Чаир и Пелистер го потврдија статусот на фаворити, познати се сите парови во плејофот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Чаир 2030, Пелистер и Феникс 2010 остварија победи на последните натпревари кои се одиграа денес во Првата лига.

Чаирчани го потврдија статусот на фаворити против Охрид (98:74), Пелистер како гостин мораше да се испоти и да прави голем пресврт во соочувањето со Кожув (87:80), додека пак Феникс во скопската пресметка беше подобар од ТФТ со резултат 82:80.

По овие дуели како и оние кои претходно се одиграа, а ги добија МЗТ Скопје и Работнички ги имаме комплетните парови за плејофот во најсилниот домашен кошаркарски шампионат.

МЗТ како првопласиран ќе се соочи со Гостивар, Работнички оди на мегдан на Феникс, Пелистер ќе се надигрува со Еуро Никел, а Чаир за ривал го има ТФТ.

Четвртфинале:
МЗТ Скопје – Гостивар
Работнички – Феникс 2010
Пелистер – Еуро Никел 2005
Чаир 2030 – ТФТ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни