Поврзете се со нас

Англија

Бруно одбил да го продолжи договорот со Јунајтед поради актуелниот статус на платниот список

Објавено

на

По пристигнувањето на „Олд Трафорд“, Бруно Фернандеш стана еден од најважните фудбалери на Манчестер Јунајтед и играч кој ретко пропушта натпревар, а притоа зад себе има импресивна статистика во однос на асистенциите и головите.

Но, Бруно не котира високо на платниот список на англискиот великан, нешто што кај него веќе создало незадоволство и поради што одбил продолжување на договорот.

Бруно заработува околу 100.000 фунти неделно, за разлика од сонародникот Кристијано Роналдо кој има повеќе од три пати поголема плата во Јунајтед, а во ваква позиција е и Давид де Хеа.

Двојно поголема плата од Фернандеш имаат Марсијал, Кавани и Погба, а поголема плата добиваат и Рашфорд, Шоу и Мегваер.

Иако ситуацијата не е алармантна поради актуелниот договор кој истекува во 2025 година, Манчестер Јунајтед ќе мора да испорача подобра понуда ако сака да си гарантира задржување на Фернандеш на подолг рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни